Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 28 август 2019 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.