fbpx

Србите од северот на Косово се согласија да ги отстранат барикадите

-

Денеска претпладне треба да почне отстранувањето на поставените барикади од Србите од северот на Косово, пренесува весникот Данас. Ова е резултат од вчерашните преговори на српскиот претседател Александар Вучиќ со српското малцинство во Косово.

Претседателот Вучиќ изјавил дека за два часа нема да може да се отстранат целосно барикадите, но се надева дека за еден или два дена ќе бидат отстранети. Сепак, српскиот претседател изјави дека недовербата не е отстранета. Тој додаде дека нема да дозволат да бидат загрозени животите на косовските срби.

„Мораме да разговараме и да се обидеме да ја вратиме довербата“, изјави српскиот претседател Вучиќ.

Инаку, Дејан Пантиќ, поради чие апсење на 10 декември и беа поставени барикадите во северно Косово, вчера беше пуштен од приштинскиот суд од притвор во куќен притвор и синоќа тој пристигнал во неговата куќа во Косовска Митровица.

На слобода вчера беше пуштен и 20-годишниот Никола Недељковиќ, кој претходно беше уапсен на Газиместан од косовските власти поради предизвикување на етничка нетрпеливост и на 6 септември беше осуден на шест месеци казна затвор.

Србите од северот на Косово веќе 19 дена ги блокираат патиштата, оневозможувајќи го притоа патничкиот и товарниот транспорт од Косово за Србија.

Косовските власти вчера реагираа на одлуката на приштинскиот суд да го испрати полицаецот Пантиќ во куќен притвор. Премиерот Албин Курти не се согласи со одлуката на судот, додека косовската министерка за правда Албулена Хаџиу изјави дека не може да разбере како некој кој е обвинет за така тешко кривично дело, како напад на полицаец, оди во домашен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...