fbpx

Србија ќе испрати хуманитарна помош за Сирија преку руски авиони

-

Србија ќе испрати хуманитарна помош во храна, опрема и лекови за граѓаните на Алепо во Сирија преку руски авиони.

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во Ниш изјави дека владата на Србија одлучила да испрати хуманитарна помош за жителите на Алепо и дека во тоа нема никаква „политичка приказна“.

Тој додаде дека српската влада би испратила хуманитарна помош кому било во светот што би побарал и дека не разбира зошто околу ова прашање се крева голема врева.

Српските медиуми претходно информираа дека помошта ќе биде испратена преку Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш со руски авиони.

Медиумите исто така наведоа дека повикот на Русија за и Србија да се приклучи кон хуманитарната акција следувал во исто време кога и германската канцеларка Ангела Меркел ги повикала членките на ЕУ да ги заострат санкциите кон Русија поради улогата во сириската војна.

Како што јавува дописникот на „Мета“ од Белград, во пакетите со помош што ги подготвиле министерството за одбрана и војската на Србија имало десет тона масло за јадење, брашно, шеќер, како и гардероба, чевли, лекови, потрошен медицински материјал и електроагрегати.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Premium WordPress Themes Download
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
udemy paid course free download
download huawei firmware
Download Nulled WordPress Themes
free online course