Србија ѝ донираше на Северна Македонија дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“

-

Србија на Северна Македонија ѝ донирала дополнително 13.000 вакцини „Спутник V“ изјави премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека до сега оваа држава ни донирала вкупно 48.000 вакцини, пренесуваат српските медиуми.

Вакцините биле испорачани доцна синоќа во рамки на контингентот од 20.000 вакцини, компонента 2, наменети за ревакцинација. Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини се испорачани пред три недели.

Српската премиерка нагласила дека има доволно вакцини за српските граѓани и дека доколку треба, Србија и понатаму ќе биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

„Не можеме да се вратиме во нормален живот, ако сите останите не се вратат во нормален живот. Тоа е вложување во една заедничка сигурност и безбедност,“ изјави Брнабиќ.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...