fbpx

СПЦ: Не ја одобривме посетата на „Прохор Пчињски“ од добро познати причини

-

Српската православна црква денеска соопшти дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот „Прохор Пчињски“, „поради веќе добро познати причини“, информираше српската агенција „Танјуг“.

„По повод барањето официјална државна делегација на Република Македонија на празникот Свети пророк Илија да го посети манастирот Свети Прохор Пчињски со своја програма и пораки, Информативната служба на СПЦ ја известува јавноста дека надлежниот црковен орган, поради причини кои се добро познати, а не се променети со години, не одобри посета на државната делегација на РМ на манастирот“, се вели во соопштение од СПЦ.

Минатата недела Патријархот Иринеј и Српската православна црква го отфрлија барањето на македонскиот премиер Зоран Заев и забранија Македонија да го прослави Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...