fbpx

Спроведени 1.346 инспекции, затворени се 4 угостителски објекти и 40 кафемати

-

Во периодот од 6 до 8 април преку засилени контроли на шесте инспекциски служби спроведени се вкупно 1.346 надзори.

„Направени се 547 надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат, при што се затворени 4 угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово“ – изјави претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

На денешната прес-конференција, таа даде извештај за сработеното на шесте инспекциски служби. Пазарниот инспекторат во изминатиот период, интензивно ги контролирал и кафемати на бензиски и на други локации, при што забранил да се употребуваат 40 кафемати во Скопје, Охрид и Гостивар.

Грашкоска информираше дека од Агенцијата за храна и ветеринарство спроведени се 164 надзори во маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари и производствени објекти. По спроведените надзори, изречени се 6 мерки за едукација поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и 7 решенија за констатирана лоша хигиенска состојба.

Државниот инспекторат за труд пак, направил 422 надзори. Донесено е едно решение и 11 укажувања за работодавачите кои што не ја почитувале одлуката на Владата, односно не дале платено отсуство на родител со дете до 10 години, самохрани родители, бремени жени или хронично болни лица.

Во овој период, Државниот и санитарен инспекторат издал 57 дозоли за транспортери професионални возачи со цел да се обезбеди непречена достава на стоки во време на пандемија.

Во однос на другите инспекциски надзори претседателката на Инспекцискиот совет посочи дека секторите се придржуваат до препораките од Владата и нема специфични отстапувања.

„Сите правни лица и граѓани да ги почитуваат мерките на владата, бидејќи истите се донесени за наше добро, за да се заштити јавното здравје и животот на граѓаните. Порачуваме дека секој оној што нема да ги почитува мерките, ќе биде санкциониран“ – изјави Филиповска Грашкоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...