Спречен шверц на облека и огревно дрво на македонско-косовската граница

Во заедничка акција, македонската и косовската полиција заплениле стотици пакети со текстилна стока и огревно дрво кај село Танушевци

-

Во заедничка акција на македонската и косовската гранична полиција, на 9 април 2025 година е спречен обид за шверц на текстилна стока, обувки и огревно дрво во реонот на село Танушевци, скопско.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена од Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции и Граничната полиција на Косово. На косовска територија било сопрено комби „Фолксваген“ со косовски регистарски таблички, во кое биле пронајдени над 100 пакети со текстилна и друга стока. Возачот е приведен.

Во продолжение на акцијата, македонските полициски службеници извршиле контрола на напуштени објекти во близина на границата, при што околу 19 часот во село Танушевци биле откриени повеќе од 130 кутии со разновидни обувки, како и околу пет кубни метри исечено огревно дрво.

За случајот е известен јавен обвинител. Запленетите обувки ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, додека огревното дрво ќе му биде предадено на Шумската полиција. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава.

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени...