fbpx

Спречен бомбашки напад во Ерусалим

-

Еден 20-годишен Палестинец е уапсен на железничка станица во централниот дел на Ерусалим. Како што јавуваат израелските медиуми, кај него била најдена торба со експлозив.

Полицијата соопшти дека Палестинецот бил испрашуван од чуварите кои рекле дека им предизвикал сомневања кога се обидел да влезе во возот. Додека го испрашувале, тој им признал дека носи експлозив.

Специјални единици на полицијата пристигнале на станицата и пронашле повеќе бомби во неговата торба. Поради инцидентот, запрен е железничкиот сообраќај на таа линија.

Во бранот насилство кој трае десет месеци, убиени се 34 Израелци и двајца американски туристи, поголемиот дел од нив во палестински напади со ножеви. Во тој период загинале повеќе од 200 Палестинци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...