Група граѓани, извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „оставка“, „ќе одговарате“ и друго, протестираат пред Владата револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Тие го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата.

Специјални полициски единици моментално го блокираа влезот кон владата, за групата демонстранти да не може да влезе внатре.

На протестот присутен е и Александар, братот на убиениот Мартин Нешковски, а се пуштаат и аудиоснимките од денешната „бомба“, посветена токму на неговото убиство.

Сè повеќе граѓани се собираат пред Владата, а на протестот пристигаат и дополнителни полициски сили.

На новинарите кои известуваа од прес-конфренцијата на министерката Гордана Јанкулоска не им беше дозволено да излезат од главниот влез, туку беа принудени да си одат преку подземната гаража.