„ГА-МА“ АД Скопје склучи договор со друштвото за градежништво и градежно занаетчиски работи „Спектартермо“ ДОО Скопје во вредност од 129.800.000 денари или околу 2,1 милиони евра со вклучен ДДВ за тековно оддржување и итни приклучоци по должина на преносниот гасоводен систем Деве Баир-Скопје, разводните гасоводи и градските мрежи на „ГА-МА“.

Склучениот договор со компанијата е по распишан тендер.

„ГА-МА“ е во целосна сопственост на државата, откако со 31 милион евра го купи делот од „Макпетрол“.