fbpx

Спасувачка акција за извлекување на три момчиња заробени на „островче“ од надојдената Треска во Скопско

По четири часа, 16-годишните момчиња успешно и безбедно биле префрлеми со чамец по течението на реката од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец

-

Центарот за управување со кризи информираше дека вчера околу 19 часот била добиена пријава за итен случај на 112 дека три момчиња останале заробени на „островче“ на средина во реката Треска.

Од ЦУК велат дека заради испуст на водата од хидроцентралата „Матка“, а и од хидроцентралата „Козјак“, редовен е процесот за континуирано производство на електрична енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката Треска, а со тоа и покачување на нивото на реката.

„Заради наглото покачување на реката Треска трите момчиња останале заробени на специфичен повисок песочно-чакален дел на средина на реката, на своевидно островче и немале можност да преминат на безбеден брег, бидејќи биле опкружени од двете страни со силна и брза вода. Станува збор за 16-годишни момчиња кои во тој момент биле под силен притисок на страв и паника“, информираа од ЦУК.

Контактирани биле дежурните во Полициската станица Сарај од кои било побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат трите момчиња.

„ЦУК побара директно од диспечерите во хидроцентралите „Козјак“ и „Матка“ (браните) веднаш да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата. Во меѓувреме од страна на тимот на специјалните сили беше направен еден обид со чамец да се спасат децата, но заради големата вода тоа не можеше во тој обид безбедно да се реализира заради исклучително брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска. Беше потребно да се почека погоден момент, поточно требаше време да се намали силината и нивото на водата и откако беше сопрена водата да истекува од двете брани“, информираа од ЦУК.

Околу 23.00 часот од страна на дежурните од Полициска станица Сарај било добиено известување дека по намалување на водостојот на реката специјалните тимови на МВР и селаните од с.Грчец, момчињата успешно и безбедно ги префрлиле со чамец по течението на реката, но од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец.

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги известило хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ да можат непречено да произведуваат електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...