Спасувачите од ДЗС спасија жена што била 114 часа во урнатините во Адијаман

Спасувачите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на Северна Македонија вчера извлекоа жива жена од урнатините на зграда во Адијаман, откако таа минала 114 во кршот, по катастрофалните земјотреси што во понеделникот рано наутро ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија Успехот на ДЗС бил поздравен со овации. Спасената жена е 38-годишната Мелтем Унсал.