fbpx

Спасовски: Последните дојави за бомби се испраќани од Иран и од Русија, досега вкупно 720 објекти добија закани

Последните неколку дојави се испраќани од IP адреси од Иран, Русија, како и VPN адреси чии провајдери се исто така од овие држави, а интересно е што уплатите за VPN услуги се извршени со крипто валути, што уште повеќе ја отежнува таа откривачка дејност, вели Спасовски

-

Ова е еден интензивен хибриден напад кој ни се случува од 19 октомври, па до денеска, на територија на целата држава, во средните, а потоа и во основните училишта. Имавме зафатени повеќе од 720 објекти со вакви лажни дојави, иако не само во училишта, туку и во други комерцијални објекти, истакна во гостувањето на ТВ 24 министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој потенцира дека најважно е тоа што МВР и сите безбедносни служби активно работат на овој проблем, во полн капацитет.

„Дојавите се лажни, безбедноста во ниту еден момент не беше загрозена и во целиот тој период мораше да се постапува по упатствата кои беа во важност целиот тој период”, рече министерот.

Во рамки на Владата формиран е оперативен тим во кој се вклучени Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање, Агенција за електронски комуникации. Тие бараат соодвтени решенија, за да има поинаков пристап во однос на електронски најави.

„Можам да кажам дека како министер донесов посебно Упатство кое што е за постапување во вакви случаи и врз основа на ова Упатство од петокот минатата недела се работи заедно со училиштата, со Министерството за образование и наука и тука морам да ја истакнам исклучително добрата соработка”, рече министерот Спасовски.

Во однос на откривање на сторители, министерот кажа дека интензивно се работи на тоа.

„Знаете дека во неколку случаи имавме откриени сторители во кои можеше да се дефинира кој е тој кој ги испраќа овие дојави. Сега веќе имаме изолирана поголема група со која работиме и очекувам дека во наредниот период ќе имаме конкретни ефикасни резултати во овој сегмент”, истакна Спасовски.

Тој исто така потенцира дека дојавите на бомби не се случуваат само кај нас, туку дека со истото се соочува и соседна Србија, како и Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Германија, Нов Зеланд, САД.

„Интензитетот кој се зголемува од руската инвазија врз Украина, доволно говори дека станува за еден спој на структури кои не се само од внатрешноста, од државата, туку и надвор”, рече министерот Спасовски.

За тоа, од каде доаѓаат дојавите, тој кажа дека последните неколку дојави се испраќани од IP адреси од Иран, Русија, како и VPN адреси чии провајдери се исто така од овие држави.

„Интересно е што уплатите за VPN услуги се извршени со крипто валути, што уште повеќе ја отежнува таа откривачка дејност”, истакна тој.

Новото упатство, додаде тој, во кое се третирани сите облици на тероризмот, меѓу кои и електронските дојави за бомби, прави проценка на ризик, а тоа било најважната работа – да се види на какво ниво на ризик се дојавите и врз основа на тоа да се постапува.

Спасовски повика да не се нарушува образовниот процес, да не се создава паника кај учениците, наставниците и граѓаните, бидејќи како што рече, успешно се менаџира целиот процес.

Минатата недела, надлежните министри за внатрешни работи и за образование и наука, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, договорија постојани полициски патроли да ги обезбедуват училиштата, како и училишните раководства да следат упатство согласно кое ќе се постапува во деновиве кога ќе стасуваат дојави за бомби.

Со полициски патроли во училиштата ќе се јакне безбедноста во услови на дојави за бомби

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Издавањето учебници е комплексно, велат од МОН за учебникот кој стаса пред крајот на училишната година

Министерството за образование и наука (МОН) се огласи по повод последните случувања кои предизвикаа реакции во јавноста, кога на две недели пред крајот на учебната година, стаса новиот учебник...
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download huawei firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy paid course free download