fbpx

Спасовски очекува мудра одлука на ЕУ за мигрантската криза

-

Ние ќе можеме да примиме толку бегалци колку што ќе можат да примат другите земји од западно-балканската рута, Србија, Хрватска и понатаму, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната поста на Прифатниот центар „Вунојуг“ кај Гевгелија, со неговиот чешки колега, Милан Хованец.

Спасовски вели дека се очекува земјите членки на Европската Унија да донесат мудра и соодветна одлука за справување со мигрантската криза, која ќе го реши проблемот во самиот негов извор.

– Очекуваме дека ќе има мудра и соодветна одлука на Европската Унија, на земјите членки на Европската Унија, заради тоа што ние не можеме да бидеме решение сами по себе на овој проблем, заради тоа што не сме извор на проблемот. Бегалската криза мора да се решава од изворот на проблемот и да се создадат услови во државите од каде што потекнуваат бегалците за да можат да останат таму. Секое друго решение што се бара на оваа рута, не е решение – изјави Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...