fbpx

Спасовски: Лидерите на верските заедници ме уверија дека ќе ги почитуваат препораките

-

Техничкиот премиер Оливер Спасовски најави средба со лидерите на сите верски заедници во државата, на која ќе се разговара за заштитата на верниците од корона вирусот, со оглед на тоа дека во верските објекти тие се наоѓаат на мала дистанца со што се ставаат во ризик да заболат.

– Разговарав поединечно со лидерите на сите верски заедници, ме уверија дека ќе ги почитуваат препораките. Но, сепак мислам дека е потребно да организираме една заедничка средба на која ќе испратиме заеднички апел до сите верници во државата да ги почитуваат препораките на Владата. Мора да го направиме тоа малку посилно, да испратиме една јасна и силна порака – рече Спасовски.

Пред три дена, министерот за здравство Венко Филипче соопшти за забраната за јавни или приватни собири, без оглед на бројот на посетеност, и дека кафулињата и рестораните ќе работат до 18:00 часот, но гостите да одржуваат растојание од 1,5 до 2 метри. Тогаш тој рече дека како и сите граѓани, и верниците ќе мора да се придржуваат кон мерките.

– Имајќи предвид дека се работи за голем број луѓе кои се на мала дистанца, нема подобри препораки за заштита од овие кои ние ги даваме – рече Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...