fbpx

Спасовски: Ќе направиме се за функционирање на институциите и одржување на изборите

-

„Една од причините за новите 14 дена вонредна состојба се темели и на тоа дека треба да носиме одлуки кои ќе значат поддршка на рестартирањето на македонската економија, поддршка на граѓаните, со цел да се надмине ова што ни се случуваше како резултат на здравствената криза“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по денешниот состанок на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Тој рече дека анализите на експертите и СЗО покажале дека корона вирусот ќе има посилен интензитет во текот на есента и зимата, кога државата треба да има институции кои ќе функционираат со полн капацитет.

„Мораме да живееме со пандемијата и мора да имаме функционални институции кои ќе носат одлуки во интерес на здравјето и на економијата. Сега имаме нефункционален парламент, преодна влада, формирана за одржување на парламентарни избори и состојба на здравствена и економска криза. Ќе направиме сè, низ законски процес да се реализираат изборите и да се формираат институциите“, изјави Спасовски и додаде дека во наредните 14 денови на вонредна состојба треба да се завршат сите аспекти во делот на справувањето со економските последици со здравствената криза и да се продолжи со мерките кои ги донесе Владата.

„Во моменти кога партии не може да постигнат договор за избори, институциите ќе преземат одговорност и затоа владата побара нова вонредна состојба од 14 дена во која ќе се завршат сите аспекти во справувањето со економските последици и ќе се продолжи со сите останати мерки. Институциите неминовно мора да ја преземат целата одговорност и за парламентарните избори“, рече Спасовски, според кого, избори треба да се одржат бидејќи државниот систем треба да биде целосно функционален за да се справува со пандемијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...