Сите пратеници кои гласаа за иницијативата за промена на Уставот се обезбедувани од полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на новонабавената униформа наменета за припадниците на Единицата за специјални задачи денеска во касарната Илинден.
– Направивме безбедносна проценка на пратениците, претежно оние кои гласаа за отпочнување на процесот на уставни измени и тие ќе бидат обезбедувани се до оној момент, додека таа проценка не биде поинаква – појасни министерот.