fbpx

Спасовски: Ќе докажеме дека Македонија има шанси

-

Се измени Изборниот законик пред изборите минатата година, имаше можности да се реагира на одредени работи што ни се случуваа во изборниот процес. Меѓутоа, силната партизација на државата, силната партизација на сите регулаторни и надзорни тела во Република Македонија, не создава можност. Едноставно, сè што доаѓа од страна на опозицијата е одбиено, истакна Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ на синоќешната трибина во Кичево.

– Не реагира антикорупциската комисија, не реагира Агенцијата за електронски комуникации, не реагираат судовите во Република Македонија. И денеска се гледа зошто тоа е така. Денеска сопругата на претседателот на антикорупциска комисија се вработува во државната администрација. Можеме декларативно да кажуваме дека ќе се бориме да создадеме чесни односи во Република Македонија, меѓутоа со вакви партиски тела и партиска држава, нема да можеме да го оствариме тоа – рече Спасовски.

Тој даде еден пример што се случил во изборите.

– Поднесовме тужба до Управниот суд за еден човек кој се најде на Избирачкиот список, а беше починат и за него МВР имаше издадено извод од матичната книга на умрени. За два часа, експресно, нè повика судијката и ни одговори дека тужбата била неоснована, дека човекот е жив и треба да биде на избирачкиот список. А, истиот државен орган донел извод дека човекот е починат. И навистина, ако не е трагично, би било комично и смешно, меѓутоа е трагично затоа што ова ѝ се случува на Македонија. Затоа мораме да ги смениме работите. Студентите пред неколку дена тоа го покажаа. Ја оживеаја Република Македонија и навистина заслужуваат почит. Денеска гледам и слушам како Груевски бара да има цензура на „Јутјуб“, да не се гледа колку студенти имало на тие протести. Меѓутоа, бадијала е. Младите луѓе во Република Македонија го кренаа сопствениот глас заради неправдата што ги снајде – изјави Сапсовски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...