fbpx

Спасовски: Јанкулоска незаконски издала 424 лични карти на жители од Пустец

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција презентираше нови докази за, како што рече, незаконското издавање лични карти на лица од Пустец, од страна на Министерството за внатрешни работи во времето на Гордана Јанкулоска.

Според Спасовски, кој покажа документи и листи, на 424 лица од Пустец, МВР незаконски им издало лични карти за да може да се најдат во избирачкиот список и да гласаат.

– Сите 424 лица со незаконски лични карти се наоѓаат во избирачкиот список и сите гласаат во општина Центар. По проверките што ги направив во избирачкиот список, овие гласачи од Пустец ги има првпат во 2011 година, а потоа списокот се полни во 2013 година, се надградува во 2014 година, и колуминацијата се случила во 2015 година – рече Спасовски.

Спасовски вели дека гласачите од Пустец, во групи од 20-30 луѓе, биле сместувани во станови. Од извршените проверки, според него, било утврдено дека становите во кои биле сместувани се сопственост на Република Македонија, односно се државни. Министерот истакна дека има и официјални писмени изјави од вработени во МВР и во Управните служби дека незаконски биле издавани лични карти без претходно да се издаде решение за живеалиште, што е неопходен документ за издавање лична карта.

Според Спасовски, во писмените изјави се даваат информации дека личните карти биле издавани по наредба на претпоставени на вработените, за побрзо и поефикасно да се издаваат личните документи во пресрет на изборите.

– Скандалот со незаконското издавање лични карти зазема сè поголеми размери. МВР ја интензивира постапката и ќе следат соодветни постапки против лица вработени во министерството и во другите институции, кои ја злоупотребиле службената положба. Во меѓувреме ќе почнеме и управна постапка за поништување на овие лични карти коишто се изадени во нелегална процедура и се злоупотребени во изборите – изјави Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски потврди дека се сменети началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Велес, Куманово, Охрид и во Битола. Како што рече Спасовски, смената ја направил поради сериозни пропусти констатирани во овие сектори, а ги наведе упадот на полицијата во УКИМ, нерешените случаи со нападнати новинари и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...