Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска на прес-конференција апелираше институциите да го истражат секој напад врз новинари и да го санкционираат, бидејќи како што кажа медиумите се израз на демократијата.

Тој потенцираше дека во овој предизборен период е многу битно институциите да продолжат функционираат непречено во функција на стабилноста на земјата.

– Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада без исклучок е да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите, на владеење на правото и на демократијата. Да отвориме максимален простор за демократска волја на граѓаните да учествуваат во изборот на нова легитимна влада – потенцира Спасовски.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.