fbpx

Спасовски: Го откривме испраќачот на лажни дојави за бомби во Кавадарци

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска со лажните закани за поставени екплозивни направи во неколку училишта во Кавадарци, кажа дека случајот е расчистен.

„Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така да откриен е сторителот и затворен е целиот случај”, рече Спасовски.

На 5 декември, беа евакуирани основци и средношколци во Кавадарци заради дојави за бомби. Дојавите стасале на електронските адреси на две училишта за средно образование и три за основно – „Тоде Хаџи Тефов“ и подрачно училиште во село Бегниште, „Димката Ангелов Габерот“ и подрачното училиште во село Сопот, потоа, „Страшо Пинџур“ и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, гимназијата „Добри Даскалов“, „Ѓорче Петров“ и „Ќиро Спанџов Брко“.

Првата лажна дојава за поставен експлозив се случи на 26 октомври и тогаш таа испразни пет скопски гимназии. Оттогаш наваму редовно се случува да се испраќаат дојави, а освен училишта, дојави на електронски адреси се испраќаа и на скопскиот аеродром, во станбени објекти, во трговски центри. Најголем дел од ојавите се испраќаат во Скопје. За сите дојави се утврди дека се лажни. Случајот за кој зборува Спасовски се однесува на само две од десетиците лажни дојави за бомби. За останатите закани, кои се сметаат за хибриден напад на државата, сè уште не е откриен сторителот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...