Спасовски: Денешните дојави за бомби се уште еден пример за хибридна закана

Фото: Влада на РСМ

Денешните дојави за бомби се класичен пример за хибридна закана, изјави денеска министерот Оливер Спасовски. Според него, во многу земји се променети протоколите во кои степенот на реалноста на заканата се утврдува пред да се преземаат мерки. Тој кажа дека е разговарано со Националниот комитет за борба против тероризмот и насилен екстремизам и се очекува да се преземат активности со кои ќе се сменат протоколите и во земјава.

Утрово на електронските адреси на девет училишта за средно образование, повторно стаса дојава за поставена бомба. Мејл со закана доби и Народната банка.

Во содржината на мејлот до која дојде Мета.мк, а која е испратена до училиштата, испраќачот, потпишан како „Levitsa Objava“, напишал дека целта е уништување на училишната зграда, а има и закана дека ќе ја срушат Владата на РСМ без дополнителни детали на што точно се мисли.