Советот за етика во медиумите повикува за одговорно известување околу корона вирусот

-

Во врска со појавата на случај на корона вирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста.

„Информирањето во вакви случаи, според Кодексот на новинарите (член 8), мора да биде ослободено од сензационализми. Медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните. Освен тоа, тие треба внимателно да им пристапуваат на информациите со кои се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата“, стои во соопштението на СЕММ.

Долги редици пред салата „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучери за инвертери

Денес пред салата „Борис Трајковски“ се формираа долги редици луѓе кои чекаа да си ги подигнат своите ваучери за инвертери, откако им стигнале пораки дека истите ќе можат да...