fbpx

Советот за безбедност ja продолжи вонредната состојба за уште еден месец

-

По предлог на Владата, Советот за безбедност на денешната седница донесе нова одлука со која вонредната состојба се продолжува за уште еден месец.

По седницата на Советот, претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето рече дека постојната вонредна состојба завршува денеска, а поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена, нема уставно-правен основ за да биде формално правно продолжена.

„Затоа јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи, ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата теритоерија на државата. Но, ова решение не ја намалува одговорноста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање затоа што на средината на мај ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе,“ изјави Пендаровски.

Во однос на полицискиот час кој ни селедува од 80 часа, претседателот оцени дека ние во моментов спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки во оваа смисла во Европа.

„Не само мене но и на огромниот број граѓани им е јасна логиката и оправданоста за донесување на оваа мерка, но најдрастичните мерки треба да се применуваат по исклучок и во некој разумен рок. Се повеќе од тоа ќе биде контрапродуктивно и може ќе ги реши проблемите во здравството, но ќе предизвика проблеми во некои други области,“ рече Пендаровски.

Претседателот исто така потенцираше дека ние како и целиот свет ќе мора да најдеме начин како да функционираме со вирусот, со сите неопходни мерки и рестрикции.

На денешната седница не присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, министерот Венко Филипче и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи бидејќи се во домашна самоизолација, откако вчера имаа контакт со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој е позитивен на корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...