Во Кабинетот на претседателот на државата денеска во почеток во 16 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски.

Советот за безбедност ќе решава за понатамошни мерки за справување со корона вирусот. Моментно во земјава има потврдени 18 заразени лица.