fbpx

Советот на град Скопје го усвои буџетот за 2023 година, ВМРО-ДПМНЕ гласаше ЗА, СДСМ воздржано

-

Советот на град Скопје вчера вечер го усвои градскиот буџет за 2023 година, за чие донесување гласаа 28 советници, вклучувајќи ги и советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои изминатиов период се во лоши релации со градоначалничката Данела Арсовска.

Скопската градска власт тврди дека за наредната година бил донесен развоен буџет, со социјална компонента и соодветни мерки за домаќинско и штедливо работење на градот.

Како што соопшти Град Скопје, за следната година се буџетот е предвидено да се потрошат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари). Тие тврдат дека во буџетот за 2023 година се одвојуваат и значителни средства за субвенции на социјално ранливи категории граѓани, но продолжуваат и програмите за субвенции за граѓаните кои беа актуелни и во оваа година.

Од Градот Скопје се заблагодарија на конструктивноста на советниците од сите советнички групи во Советот на град Скопје, за усвоениот буџет за 2023 година.

Сепак, водечките политички партии по вчерашното усвојување на градскиот буџет денеска меѓусебно се обвинуваат во однос на тоа кој ја дал поддршката.

Од опозициската СДСМ во Советот на град Скопје преку соопштение денеска реагираат дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Данела Арсовска, функционира, а кавгите им се само за тендери.

„Вчера Советот на Град Скопје го усвои Буџетот на Градот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска. За усвојување на Буџетот гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица со што докажаа дека нивната коалиција со Арсовска и натаму функционира“, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје има своја градоначалничка, има претседател на Совет на град Скопје и мнозинство во градскиот совет, додека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на членови во управните одбори во јавните претпријатија и со тоа ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје.

„По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“, додаваат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска пак ја обвинија СДСМ дека е во коалицијата со Левица, ДУИ и градоначалничката Данела Арсовска.

„Сите амандмани на СДС во рамките на буџетската расправа или во согласност со Арсовска беа прифатени, или беа повлечени од СДС. Евидентна е усогласеноста и партнерството помеѓу СДС, Левица и ДУИ, додека ниту еден амандман не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека покажале оти не го кочат градот со тоа што гласале за буџетот за 2023 година, но Арсовска покажала дека има јавна коалиција со Левица, СДС и ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што нема увид во буџетот, не сака да има нефункционален град од кој најголема штета ќе имаат граѓаните. Со самото тоа паѓаат во вода обвинувањата дека сме блокатори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека сите директори на јавните претпријатија и јавните установи под надлежност на Град Скопје се од ДУИ, Левица, ГРОМ и СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...