fbpx

Советот на Европа ги повика САД да ја укинат смртната казна

-

Советот на Европа ги повика САД да ги укинат смртните казни по серијата погубувања извршени во сојузната држава Арканзас.

– Особено вознемирува и се противи на глобалната тенденција за укинување на овие нехумани и застарени казни. Апелираме, САД, како набљудувач во Советот на Европа, да се воздржат од понатамошни погубувања“, стои во соопштението на Советот на Европа.

Како што се наведува, низ Европската конвенција за човекови права, Советот на Европа успеал да создаде услови смртната казна да биде укината на подрачје кое опфаќа околу 820 милиони луѓе. Белорусија, која не е членка на 47-члениот Совет на Европа, е единствената европска земја која има смртна казна.

Во брзање да погубат неколку осуденици пред да истече рокот на смртоносните инјекции, властите на Арканзас погубија двајца затвореници, што е прво двојно погубување во САД во последните 17 години.
Џек Џоунс и Марсел Вилијамс беа осудени на смрт во 90-тите години на минатиот век, а погубени се со смртоносни инјекции откако судот ги одби нивните жалби.

Властите на Арканзас планираа да погубат осум осуденици за 11 дена, но четворица од нив успеаја со жалби да добијат одложување на казните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...