Главниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, денеска во Ереван ги повика Ерменија и Турција да го обноват процесот за воспоставување дипломатски односи. Изјавата доаѓа во пресрет на стогодишнината од геноцидот врз Ерменците извршен за време на Првата светска војна.

Јагланд изјави дека Советот на Европа е подготвен да го поддржи дијалогот на секој можен начин.

Масакрот на турската војска над Ерменците, извршен во периодот од 1915 до 1917 година, претставува „загуба не само за Ерменија, туку и за целиот свет“, рече Јагланд, додавајќи дека тоа не смее да се повтори.