fbpx

Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на Јанева

-

Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесен до Собранието.

– На одржаната седница на Советот на јавните обвинители на 4 септември, Советот донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за утврдена фактичка состојба број 03-133/6 од 29.08.2019 година поднесено до Собранието не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сè уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против Специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата кои се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка – се вели во соопштението на Советот на јавни обвинители.

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за утре во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Тој го испрати барањето до новиот претседател до Советот на јавни обвинител, Ацо Колевски, да го декласифицира документот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...