Главната советничка за здравство на Шкотска, Кетрин Калдервуд поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничување на движењето за превенција од ширење на корона вирусот. Таа призна дека два последователни викенди престојувала во викендичка во рурално подрачје на Шкотска, што е наспроти сопствениот совет што го упати до Шкотите да останат дома.

„Јас не ги следев сопствените совети што им ги давав на другите“ изјави Калдервуд.

Таа изрази длабоко жалење во дадената изјава, откако објави дека ќе поднесе оставка по разговорите со премиерот на Шкотска.