fbpx

Сослушување за нападот на Капитол: Трамп го запали фитилот

-

По повеќе од 18 месеци од нападот на американскиот Капитол, на 6 јануари 2021 година, во четвртокот се одржа долгоочекуваното сослушување водено од Комитетот што го истражува инцидентот. Тоа е првото сослушување во серијата која се очекува овој месец, што треба да ги открие деталите од истрагите во кои се вклучени и интервјуа со повеќе од 1.000 луѓе за тоа како поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот тим се обидоа да ги поништат резултатите од изборите во 2020 година.

Сослушувањето главно се фокусираше на улогата на Трамп во немирите, кои беа извршени од неговите поддржувачи кои сакаа да го запрат потврдувањето на изборната победа на претседателот Џо Бајден врз основа на лажни наводи за широко распространета изборна измама.

Лиз Чејни, потпретседател на панелот од Републиканската партија, рече дека Трамп ја повикал толпата, ја собрал толпата и го запалил пламенот на овој напад.

„Утрото на 6 јануари, намерата на претседателот Доналд Трамп беше да остане претседател на САД и покрај законскиот исход на изборите во 2020 година и кршење на неговата уставна обврска да се откаже од власта“, рече Чејни.

И претседателот на комисијата од демократската партија, Бени Томпсон посочи дека се работи за обид за државен удар и го обвини Трамп дека се обидувал да го запре трансферот на власта, нарекувајќи ги бунтовниците од 6 јануари домашни непријатели на Уставот.

„Тоа беа домашните непријатели на Уставот, кои упаднаа во Капитол и го окупираа, кои се обидоа да ја спречат волјата на народот да го запрат трансферот на власта. Тие го направија тоа на охрабрување на претседателот на Соединетите држави“, посочи Томсон.

Детали од изјавите во текот на целото рочиште посочуваат дека нападот на Капитол бил однапред планиран, а не импровизиран бунт по митингот на Трамп во близина на Белата куќа.

„Нападот на Капитол не беше спонтан бунт. Разузнавањето што беше достапно пред 6 јануари идентификуваше планови за инвазија и окупирање на Капитол и преземање други чекори за да се запре броењето на изборните гласови на Конгресот тој ден. Во нашите претстојни сослушувања, ќе идентификуваме елементи од тие планови и ќе покажеме конкретно како групи водеа толпа во зградата на Капитол на 6 јануари“, рече Чејни.

На сослушувањето беше емитувана и снимка од сведочењето на најстарата ќерка на поранешниот претседател Доналд Трамп, Иванка, која сведочеше пред конгресната комисија една недела откако нејзиниот сопруг Џаред Кушнер даде сведоштво пред комисијата. Двојката, и двајцата советници во Белата куќа во тоа време, тврди дека го повикала Трамп да ги откаже демонстрантите на кобниот ден. Иванка на сослушувањето изјавува дека ја отфрла теоријата на заговор на нејзиниот татко.

Демократот Томпсон изјави дека Иванка генерално била кооперативна.

„Не моравме да бараме покана. Таа се пријави сама, што очигледно има голема вредност“, додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...