fbpx

Сорос: Не сум инволвиран во случувањата во Македонија

-

Бобан Нонковиќ, дописникот на државната новинска агенција МИА, денеска во Брисел, на дебата за интеграција на Ромите, го прашал унгарскиот милијардер и спонзор на Фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос, дали преку кризи и нереди сака да ја уништи Македонија.

„Немам одговор, не сум посветен на уништување на земјата и не знам како да одговорам, освен да го игнорирам ова“, рече Сорос.

Нонковиќ му реплицирал дека во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, земјата станала „шампион во промовирање на правата на Ромите со избор на министер, заменик-министер, градоначалник, пратеник и директори во јавни институции“ и му тврдел дека дел од лицата што протестираат во земјата се декларираат како „соросоиди“ и отворено го поддржуваат опозицискиот СДСМ.

„Се плашам дека веќе одговорив на прашањето од Македонија, бидејќи не сум лично инволвиран во случувањата во Македонија. Фондацијата таму има македонски управен одбор, македонски вработени и тие се тие што одлучуваат за политиката на Фондацијата и тие треба да одговорат на прашањето“, одговорил Сорос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...