Американскиот милијардер и филантроп, Џорџ Сорос, најави дека ќе даде помош од еден милион евра на негиовиот роден град Будимпешта. Парите ќе бидат доделени од неговата Фондација Отворено општество, која пред две години беше забранета во Унгарија од власта на Виктор Орбан.

Инаку, на чело на Будимпешта од минатата година е Гергеј Карачон, кој беше заеднички кандидат на опозицијата. Тој досега неколкупати ја обвинуваше власта на Орбан дека се обидува да го ограничи достапот до ресурси на градската администрација.