Сопственик на неколку киосци продавал 2 тона храна со поминат рок

За утврдениот прекршок инспекциските служби на Агенцијата издале решение за уништување на 1.920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои стопанисувал операторот, а на сопственикот му е изречена е парична казна

-

По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски
надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола во кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо
количество небезбедна храна со поминат рок, информираат во АХВ.

„За утврдениот прекршок инспекциските служби на Агенцијата издадоа решение за
уништување на 1.920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со
кои стопанисувал операторот. За сторениот прекршок, изречена е парична казна“, додаваат оттаму.

Во АХВ информираат дека при спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски објект во Битола, затекната е небезбедна храна во количина од 241 килограм, која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена. За пуштање во промет на небезбедна храна на операторот изречена му е казна во висина од 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице во правниот субјект.

„Дополнително, на овој оператор со храна изречена му е и казна од 300 евра и 150 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените. При редовен инспекциски надзор, во Охрид, со 1400 евра (1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице во правното лице) во денарска противвредност, казнет е маркет за пуштање во промет на небезбедна храна (сувомесни производи и мелено месо) кои биле без декларација и со поминат рок на употреба. Заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените, во Охрид, парично казнета е и месарница“, информираат во АХВ.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...