Поради пукната цевка, кружниот тек кај хотел „Континентал“ е затворен за сообраќај, од Автокоманда кон Саем и од Бит-пазар кон Саем, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Оттаму велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.