Sony го презентираше новиот „Плејстејшн 5“

На 11 јуни беше одржана презентација од страна на Sony во врска со новата генерација на нивната гејминг конзола. На овој настан беа претставени дел од насловите на игри кои што ќе бидат достапни во оваа нова генерација како и долго очекуваната презентација на петтото издание на оваа конзола.

„Плејстејшн 5“ беше претставен со задоцнување во однос на неговиот главен конкурент „Xbox“ чија што конзола беше претставена на крајот на 2019 година. Новиот „Плејстејшн“ е огромен чекор напред во однос на претходната генерација, така што од Sony тврдат дека нивниот нов дизајн на меморија ќе им овозможи на студијата за видео игри да можат да дизајнираат покомплексни и подетални виртуелни околини од било кога претходно.

Оваа конзола ќе доаѓа во две изданија, една со драјв за CD, а другата без и се очекува да чини околу 500 долари. Очекувањата се конзолата да биде пуштена во продажба кон крајот на оваа година.