Фото: http://sonk.org.mk/

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура денеска соопшти дека ќе учествува на најавениот протест на КСС закажан за 15 април. Тие тврдат дека надлежните немаат слух за заштита на нивните интереси и затоа мора да ги бараат преку јавно незадоволство.

Во своето соопштение тие потенцираат дека бројни се примерите за раскинување на договори за работа страна на работодавачите врз синдикалните лидери на сите нивоа, а има и случаи во кои дел од нив се деградирани со преместување од постоечките работни места на пониски работни места.

Според нив, сето ова е со цел да се спречи синдикалното организирање и дејствување на КСС и гранските синдикати во неа.