fbpx

СОНК ја разрешил регионалната претседателка на синдикатот во Битола

-

Советот на СОНК ја разрешил регионалната претседателка на синдикатот во Битола, Фанче Јошевска.

Ваквата одлука на СОНК, Јошевска ја толкува како правно неиздржана. Кога Јошевска била исклучена од функцијата, воопшто не била ниту официјално поканета на состанокот, а во решението за нејзиното разрешување немало ниту правна поука дека може да се жали на таа одлука.

– Без основа, без аргументи и факти се поништени лагални избори за мое назначување на синдикалец во школото каде што работам. Оттаму скратено ми е правото да бидам реизбрана и за регионален синдикалец. Утре ќе се избира нов синдикалец во училиштето – вели Јошевска.

Наставници од Битола, членови на СОНК, почнаа со потпишување петиции како поддршка на Јошевска, особено членовите на синдикатот во техничкото училиште СОТУ „Ѓорги Наумов“, каде бојкотот на наставата и штрајкот траеше во континуитет од почетокот до самиот крај. Синдикалците сметаат дека ова е пресметка на првиот човек на СОНК, Јаким Неделковски, со неистомислениците во редовите на синдикатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...