fbpx

Сончево време, со мала облачност

-

Времето во земјава ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура се движеше од 5 до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 13 и 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Утринската температура достигна до 9 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 21 степен.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање и ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури, додека в недела попладне и во деновите потоа, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...