fbpx

Сончево време, попладне со дожд

-

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 25 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе се движи од 17 до 30 Целзиусови степени.

Во текот на целиот ден утре ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре ќе бидат промовирани резултатите за отвореноста на извршната власт

Настанот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“ во организација на Фондацијата Метаморфозис, ќе се одржи утре, среда, со почеток од 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје. На настанот...