fbpx

Сончево и жешко денеска, со температури до 39 степени

-

 

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност.

УВ индексот ќе биде 9. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура се движеше од 14 до 20 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува 30 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. УВ индексот ќе биде 9.

Утринската температура достигна до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 38 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса, до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само в петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стефан Димковски, кој го возел Палевски до Турција, доби кривична и 30-дневен притвор

Скопското јавно обвинителство побара 30-дневен притвор за Стефан Димковски по поднесената кривична пријава од МВР, а Кривичниот суд во Скопје го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор за...