Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  дневната од 28 до 36 Целзиусови степени.  УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.