Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со умерен југозападен ветер. УВ- индексот ќе има вредност 6. Температурата ќе се движи од 23 до 34 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува слично време со температура до 33 Целзиусови степени.
Утре ќе има промена на временската состојба и времето ќе биде со повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи.