Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Од пладневните часови на северот ќе започне да дува засилен северен ветер, чија брзина повремено ќе достигнува над 70 километри на час. Засилениот ветер попладне ќе се прошири вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 22 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со засилен северен ветер од пладневните часови. Температурата ќе се движи во интервалот од 12 до 29 Целзиусови степени.

УХМР за наредните денови прогнозира значителна промена на времето во земјава. Во четврток ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за околу 8 степени. Во следните денови ќе има ниски утрински и дневни температури.