fbpx

Сончево и топло, со температура до 38 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови и во текот на ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движи од 13 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 27 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време, со максимална дневна температура до 36 Целзиусови степени.

Од денеска попладне до понеделник, според синоптичарите ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови од земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...