fbpx

Сончево и топло, со температура до 35 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со натпросечни дневни температури за овој период од годината, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 7 до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со слаб ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 33 Целзиусови степени.

За време на викендот дневната температура насекаде ќе биде над просекот за овој период од годината, поради што Македонија ќе биде во жолта (алертна) фаза.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да внимаваат на своето здравје, особено поради температурните осцилации во изминатиот период. Оттаму порачуваат граѓаните да избегнуваат директна изложеност на сончевите зраци, како и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...