fbpx

Сончево и потопло со температура до 37 степени

-

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 19 Целзиусови степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 35 Целзиусови степени.

Во наредната седмица следува стабилно, сончево и сè потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна недела кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 9. Со порастот на температурата на воздухот се зголемува опасноста за појава на шумски пожари. В недела и в понеделник попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...