fbpx

Сончево и многу топло време денеска, со можност за дожд на планините

-

Сончево и многу топло време, со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер, ќе преовладува во Македонија денеска. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УВ-индексот ќе биде 9.

Највисоката температура во текот на денот ќе биде во распон меѓу 29 Целзиусови степени на крајниот планински запад на земјава, преку 32 степени на крајниот исток, 34 степени во Кривопаланечко и во Охридско-струшкиот Регион, 36 степени во Пелагонија, 38 во Скопје, до 40 Целзиусови степени во Повардарието и на крајниот југоисток.

Инаку, дневната температура до утре ќе биде во постепен пораст, при што денеска и утре ќе достигне или ќе надмине 40 Целзиусови степени. Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува в четврток и в петок.

Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно, со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер, вели прогнозата на УХМР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...