Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен во југоисточните делови.

Утринската температура се движеше од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 28 и 38 степени.

УВ индексот ќе биде 8.

И во Скопје и околината ќе преовладува слично време, сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура изнесуваше околу 17 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 36 степени.

УВ индексот ќе биде 8.