fbpx

Солзавец и Mолотови коктели на протестите во Атина

-

Грчката престолнина се обви во чад и во солзвец од протестот за одбележувањето на 41-годишнината од денот кога тенковите на грчката хунта ги нападнаа студентите на Политехничкиот факултет. Масовниот марш на граѓаните низ центарот на Атина заврши со инциденти и со судири на полицијата со дел од демонстрантите.
Инцидентите почнаа во близина на амбасадата на САД, која е крајната точка на протестите за одбележување на 17 ноември. Фрлањето со предмети по претставниците на специјалната полиција беше доволна искра за да се разгорат судири со демонстрантите. Демонстрантите напаѓаа со Молотови коктели и со палење на голем број контејнери, на што полицијата одговори со шок-бомби и со солзавец. Инцидентите од зградата на амбасадата се префрлија во бунтовниот кварт Ексархија. Мали инциденти имаше и на протестот во Солун.
Повеќе од 30.000 демонстранти излегоа на улиците на Атина во знак на почит на жртвите од хунтата. Сеќавањето на отпорот против воената хунта беше измешано со незадоволство против строгата владина политика и мерките за штедење. За илјадниците демонстранти пораката на Политехниката од 1973 „Леб, образование, слобода“ и денес е еднакво актуелна како и пред четири децении. Веруваат дека воената хунта е само заменета со економска. Граѓаните на пораките на државниот врв дека денот треба да потсети на моќта што ја има грчкиот народ ако дејствува обединето и здружено да ги победи сите проблеми, одговори со масовен излив на незадоволство и со порака политичарите да се заложат за подобрување на социјалните и на економските услови за живот во земјата.
Иако протестите се намалени и со помал интензитет во споредба со демонстрациите во екот на финансиската криза, сепак огорченоста не поминува. Граѓаните не се помируваат со намалувањата на платите и на пензиите, отпуштањата во јавниот сектор и со зголемените даноци. Високата невработеност, намалените плати наспроти сè повисоките цени за живот во Грција, веќе четврта година го подгреваат револтот од политиката на владата, која ја обвинуваат за следење на меѓународните финансиски интереси наместо заштита на интересите на нејзините граѓани. Зградите каде зјаат мрачни простори поради затворените продавници и бизниси, растечката желба на младите за заминување од државата поради високата невработеност, намалените плати, хонорарното, наспроти вработувањето со постојани договори се само дел од показателите дека сè уште е долг патот до крајот на тунелот. Токму поради ова, многумина пораките на грчкиот премиер Андонис Самарас дека државата се движи кон напредок и кон економски развој и ветувањата за подобри економски денови во брзо време, ги толкуваат повеќе како првоаприлска шега отколку како теорија на која може да ѝ веруваат.
М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...